ВИДЕО | ОБЈАВЕНИ НОВИ СНИМКИ ОД НАПАДОТ ВРЗ КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ВО ЗЕНИЦА – Целиот Балкан денес зборува за ова: Навивач влета на теренот и за малку не го повреди Португалецот
Натпреварот од осмото коло од групата Б во квалификациите за ЕП меѓу Босна и Херцеговина и Португалија го одбележа срамниот инцидент што се случи во првото полувреме од натпреварот во Зеница.
Босна и Херцеговина доживеа вистинска катастрофа против расположените Португалци, кои славеа со убедливи 5:0.
Еден навивач на БиХ се погрижи дебаклот на теренот да не биде во преден план, па поради неговиот скандалозен потег неочекувано стана главна тема во Босна и Херцеговина.
Имено, тој на сред натпревар „одлета“ на теренот додека Кристијано Роналдо се подготвуваше да изведе аут и се нафрли на славниот Португалец.
Тој по секоја цена сакаше да се фотографира со познатиот фудбалер, па насилно го влечеше Португалецот.
Обезбедувањето брзо реагираше и го извади навивачот од теренот. Во метежот кој настана Кристијано Роналдо доби удар во ногата и најпрво се чинеше дека е повреден во овој инцидент. За среќа, на крајот се заврши без последици и натпреварот набрзо беше продолжен.