ВИДЕО | ОВАА САРМА НИКОГАШ НЕ СТЕ ЈА ПРОБАЛЕ – Изгледа како мусака, а вкусот е подобар од оргиналната
Вредните домаќинки веќе ја припремаат зимницата и зелката, па време е да пробате некои нови рецепти. Ви предлагаме по овој рецепт да направите крајно необична сарма, за која би можело да се каже дека е иста но различна. Патем, некои домаќинки користат свежа зелка за овој рецепт, или кисела зелка.
- 1 главица зелка со средна големина
- 500 грама мелено месо
- 2 големи главици кромид
- Кисела зелка
- 150 грама ориз
- 2 моркови
- Малку доматно пире
- Бибер и сол
- Магдонос, вегета и пиперка
- 5-6 парчиња сланина
Исчистете ја главата од зелката и ставете ја во замрзнувач да замрзне. Пред да готвите, извадете ја малку да се излади за да се одвојат листовите.
Две големи главици кромид се пржат со два моркови, па се додаваат 500 грама мелено месо и се пржи уште малку. Потоа додадете една шака измиен ориз и пропржете уште малку.
Додадете зачини: бибер, вегета, магдонос, малку доматно пире и пипер. Малку изладете, па одвојте ги листовите зелка и наполнете ги листовите почнувајќи од средината на главата. Постапката погледнете ја во видеото.
Наредете кришки сланина преку филетата глава. Покријте со алуминиумска фолија. Истурете чаша вода, ставете во рерна загреана на 220 степени и печете околу 2 часа. На крајот извадете ја фолијата за убаво да порумени.