(ВИДЕО) Ова е Астронаутот кој го напиша името на својата ќерка на Месечината – Така е кога имаш одличен татко

Татковците можат да им ветуваат различни работи на своите сакани ќерки – кукли, цвеќиња, фустани, па дури и станови и автомобили. А астронаутот Џин Кернан и ветил на својата ќерка дека ќе ги напише нејзините иницијали на Месечината.

Џин Кернан беше последниот човек што одеше на Месечината. Кернан и неговиот колега од Аполо 17, астронаутот Харисон Смит станаа членови на најексклузивниот клуб во универзумот кога стапнаа од нивниот лунарен слетувач на површината на Месечината. 

Додека бил на Месечината во декември 1972 година, како командант на вселенскиот шатл Аполо 17, тој патувал повеќе од 22 милји со екипажот користејќи го Лунарниот ровер и поминал многу време собирајќи геолошки примероци кои ќе фрлат светлина на раната историја на Месечината. Кернан го пилотирал роверот при неговото последно прелетување, забележувајќи максимална брзина од 11,0 милји на час, неофицијален рекорд за брзина на површината на Месечината.

Сепак, ова не е единствениот факт по кој оваа прошетка е позната. Непосредно пред лунарниот модул да биде поставен да ја напушти површината на Месечината, Кернан падна на едното колено и со прстот внимателно ги издлаби буквите „TDC“ (иницијалите на неговата ќерка Трејси) во лунарната прашина, каде што најверојатно ќе остане милион години, имајќи предвид дека месечината нема ветер или атмосферата, веројатно засекогаш. Во времето на оваа мисија Трејси имала 9 години. 

Кернен бил многу приврзан за својата ќерка, особено што не можел да поминува многу време со неа поради неговата специфична работа. По неговото прво патување на Месечината, со вселенскиот шатл Аполо 10, неговата ќерка го прашала: „Тато, сега кога си бил на Месечината и назад, кога ќе ме однесеш на кампување таму?“ Се разбира, тој не можеше да ја однесе на кампување, но затоа и вети дека следниот пат кога ќе отиде на Месечината, ќе го напише нејзиното име на површината на Месечината, што и го направи.

Кернан забележал 566 часа и 15 минути во вселената, вклучувајќи 73 часа на површината на Месечината, според НАСА.