ВИДЕО | ОВА Е ВИСТИНСКИ ХИТ – Професорка влегла во училницата и ги затекнала учениците како се “тепаат“, а потоа тие и приредиле вистинско изненадување, погледнете!

Ученици од едно училиште во Белград, Србија, решиле на прилично оригинален начин да ја изненадат својата професорка.

Имено, пред да влезе професорката во училницата, учениците се собрале и симулирале вистинска тепачка! Професорката побрзала да ги спречи, а потоа се појавило вистинското изненадување.

Кога им се приближила, учениците се разделиле, испукале конфети и и подариле голем букет цвеќе, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Луѓето на социјалните мрежи беа воодушевени од нивниот потег, а видеото набрзо стана вирално во регионот.

Се додека има добри родители и учители, ќе има и деца. Ова е добро за сите!“, „Браво за толку добро воспитани деца! Секоја чест“, „Плачев. Ова е прекрасно. Браво деца!“, се дел од коментарите под хит видеото.