ВИДЕО | “Ова е голема почит!“ – Ваков потег досега нема направено ниту еден државник кој е во посета на странска земја – погледнете ја снимката која се шири како шумски пожар!

Џастин Трудо доби пофалби во Јужна Кореја за заземање невообичаено широка поза на ногата што ја намалува висината за време на фотографирање со еден од најважните политичари во земјата, пишува The Telegraph.

Фотографијата на канадскиот премиер како незгодно стои со раширени нозе за да изгледа помал и да одговара на висината на Ким Џин-Пјо, претседателот на Националното собрание на Јужна Кореја, стана вирална т.е. популарна минатата недела.

За време на снимањето на ракувањето, Ким Џин-Пјо добродушно се кренал на прстите за да се обиде да ја компензира висинската разлика од 20 сантиметри меѓу двајцата мажи, а потоа Џастин Трудо, кој е висок 186 сантиметри, одговорил така што прво ги свиткал колената, а потоа ги раширил нозете со претседателот на националното собрание на Јужна Кореја.

Гестот на канадскиот премиер беше поздравен од корејските медиуми, а весникот Chosun Ilbo коментираше дека тоа е „трогателна сцена“ што ги натерало политичарите и официјалните лица во просторијата „да пукнат во смеа“.

YTN, локален медиум, објави дека потегот направил Џастин Трудо да изгледа како да е виновен што е висок, а Toronto Star понуди своја анализа, цитирајќи еден од своите граѓани со корејско потекло, кој објасни дека во Јужна Кореја тоа е знак на голема почит.

Џастин Трудо, кој беше во тридневна посета на Јужна Кореја за да одбележи 60 години билатерални односи, не е прв пат да стане вирален поради своето однесување кога се среќава со други колеги политичари.