ВИДЕО | “ОВА Е ДОКАЗОТ!“ – Армијата на Израел објави снимка: Ракета истрелана од Појасот Газа експлодирала во исто време кога била погодена болницата

Израел објави видео на кое се гледа како ракета е истрелана врз болницата во Појасот Газа од северниот дел на Газа, по што следела голема експлозија.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) со видеото напишаа дека ракета истрелана од Појасот Газа кон Израел и експлодирала во 18 часот и 59 минути, а во исто време била погодена и болницата. Видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

ИДФ објави и снимки од беспилотни летала кои ја покажуваат ситуацијата пред и откако неуспешната ракета на Исламскиот Џихад погоди паркинг на болницата во Појасот Газа.

Times of Israel го објави видеото на социјалната мрежа Х (Твитер) и напиша дека експлозијата очигледно била предизвикана од неуспешен проектил.

Можете да го видите појдовниот ракетен оган. Ракетата е пресретната во воздухот и се распаѓа во шрапнели. После тоа се гледаат две експлозии: помала и голема во болница“, стои во описот на едно видео објавено на социјалните мрежи.

Повеќе од 500 луѓе загинаа во нападот на болницата „Ал-Ахли“ во Појасот Газа, додека стотици други се под урнатините, тврдат палестинските власти.