ВИДЕО | “Ова е за тешка затворска казна“ – со својот џип ‘Mercedes-Benz’ удрил во старица на велосипед, ја прегазил, а потоа ладнокрвно избегал – вознемирувачко
Се чини дека на патот секогаш ќе има пијани возачи, за жал, без разлика на мерките или казните. Така, во Велика Британија, пијан возач на џип „Mercedes-Benz“, 43-годишниот Стивен Селвуд, дивеел низ градот во Гилдфорд, во близина на Лондон, по што прегазил постара жена на велосипед, а откако ја прегазил тој си заминал од местото на настанот оставајќи ја жената да лежи на патот.
Несреќната пензионерка се возела со велосипед преку раскрсницата кога Стивен Селвуд излетал од споредниот пат и ја удрил среде бел ден. Не само што Стивен Селвуд ја соборил од велосипедот, тој продолжил да вози напред, згмечувајќи ја под тркалата додека таа лежела на земјата. За среќа, таа преживеала.
Случајните минувачи се обиделе да го спречат, но човекот се оддалечил пред конечно да се врати на местото на настанот. Сведоците го идентификувале, а полицијата го привела. Иако несреќата се случила на 12. мај минатата година, денес британската полиција го објави хорор видеото од моментот во кој човекот ја удира жртвата, а потоа со возилото го гази нејзиното тело, пишува Daily Mail.
Жртвата дозволила видео-снимката да биде објавена како предупредување за другите за влијанието на возењето под дејство на алкохол. Судот од оваа област го осуди на две години и три месеци затвор. Тој, исто така, ја изгубил возачката дозвола три години откако бил прогласен за виновен за предизвикување сериозна повреда со опасно возење и возење со премногу алкохол во неговото тело.
Жената која преживеала опишала како повеќе не можела да се занимава со многу од нејзините активности и се плашела да оди во близина на сообраќајот. Во изјавата прочитана до судот, таа кажала: „Моето чувство на загуба е длабоко, мојата доверба во овој свет исчезна, моето чувство за надеж исчезна. Ниту една ноќ не поминува без кошмари. Мојот живот значително се промени“.