ВИДЕО | ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ПАСОШ ВО СВЕТОТ – Го симна од тронот јапонскиот, а со него можете да патувате во 192 земји без виза!

Ако сте сопственик на сингапурски пасош, имате среќа!

Ова го наведува американскиот медиум CBS News, кој го објави најновото рангирање на Индексот за пасоши на Henley, рангирање на најмоќните пасоши во светот.

Според овој индекс, Сингапурците можат да посетат 192 од 227 светски дестинации за патување без виза.

Се вели дека листата претрпела „голем пресврт“ бидејќи Сингапур ја исфрли Јапонија, која беше на врвот на индексот во последните пет години односно на првото место.

Јапонија сега падна зад Германија, Италија и Шпанија, трите земји кои го делат второто место на листата и можат да се пофалат дека нивните пасоши овозможуваат безвизно патување до 190 туристички дестинации во светот.

Карта на светот, Сингапур
Сингапурски пасош

На третото место по Јапонија, според новото рангирање, има уште шест земји – Австрија, Франција, Финска, Луксембург, Јужна Кореја и Шведска за чии пасоши не се потребни визи за влез во 189 дестинации.

Американската телевизија наведува дека САД се наоѓаат прилично ниско на оваа листа и дека во однос на минатата година паднале за едно место, па сега САД го зазема осмото место заедно со Литванија, бидејќи пасошите на овие две земји обезбедуваат патување до 184 туристички дестинации во светот без визи.

Се вели дека и САД и Велика Британија паднале на оваа листа од 2014 година, кога нивните пасоши беа рангирани на првото место на планетата.