ВИДЕО | ‘СРЕЌА ВО НЕСРЕЌА’ – Како овој човек успеал да остане жив !? Погледнете ја снимката од експлозија која го кренала во воздух асфалтот на улицата и ги фрлила возилата како да се играчки

На Интернет се појавија снимки од хаосот во Јоханесбург по подземна експлозија што го уништи асфалтот на прометна улица во најголемиот град во Јужна Африка.

Весникот New York Post пишува дека тоа се случило во средата и дека поради силна експлозија, целата линија на минибуси паркирани покрај рабницата веднаш излетале во воздух.

На снимка од надзорна камера поставена на таа улица се гледа дека од експлозијата останала голема дупка и во таа прилика едно лице го загубило животот, а 48 лица се повредени.

Еден човек кој случајно се нашол во непосредна близина за чудо не му се случило ништо! Иако во моментот на експлозијата неговиот грб бил свртен кон улицата, тој реагирал доволно брзо за да се тргне од патот пред големиот бел минибус да падне на местото каде што бил тој само секунда пред тоа.

Се вели дека причината за експлозијата е непозната и властите првично мислеле дека пукнала подземна гасна цевка, но енергетската компанија која испорачува гас на Јоханесбург тоа го негираше.