ВИДЕО | ОВА Е НАЈТАЖНАТА СНИМКА ШТО ЌЕ ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ДЕНЕС – Доктор се обидува да смири дете кое искрено си го бара својот татко: “Ти си наш херој!“

Турската државна телевизија на својот официјален канал на Јутјуб објави видео од Појасот Газа на кое се гледа дете кое се чини дека е во состојба на шок по ракетниот напад.

Во описот на видеото се наведува дека момчето се вика Мухамед и дека го разбудил звукот на нападот, а го теши доктор кој е до детето.

Оној што снима го прашува момчето што му се случило, додека тој стои со ширум отворени очи и молчи.

Дали спиеше ?“, е прашањето на кое детето кимнува со главата.

Потоа повторно го прашуваат што се случило, а момчето на арапски одговара што се случило.

Нападот се случи додека спиевме ?“, прашува момчето.

Климнува со главата, како што направи откако го прашаа дали се уште е исплашен.

Уште се плашиш ? Не се плаши. Зошто се плашиш ? Готово е, нема повеќе напади. Готово“, му велат на Мухамед, кој стои таму видно исплашен.

Тогаш момчето го прегрнува докторот кој му вели да не се плаши.

Овде сме со тебе, во ред ? Готово“, му вели докторот.

Тогаш Мухамед почнува да плаче.

Ти си херој. Не треба да плачеш. Зошто се плашиш ? Го сакаш татко ти ?“, го праша докторот детето.

Момчето климнува со главата и започнува да плаче уште посилно.

Сега ќе го донесеме татко ти. Готово е. Не се грижи. Го сакаш татко ти ?“, беше прашан Мухамед, по што видеото престанува.