ВИДЕО | Ова е новиот американски стратешки бомбардер, штотуку полета за прв пат

Планирано е да се направат 100 вакви воени авиони, а планот е да се произведуваат авиони во варијанти со и без пилоти

Б-21 Рајдер го направи својот прв пробен лет во петокот, а сега овој футуристички воен авион е чекор поблиску до тоа да стане следниот американски стелт бомбардер со нуклеарно оружје, пишува Defence News .

Пробниот лет на Б-21 Рајдер се одржа во Палмдејл, Калифорнија, каде што беше развиен и тестиран од Нортроп Груман.

Военото воздухопловство на САД планира да изработи 100 вакви воени авиони, кои имаат форма на крила слична на претходникот Б-2 спирит, но ќе вклучуваат и некои напредни материјали, погон и т.н. „Стелт“ технологија, која ќе им даде голема предност во идна, евентуална битка. Планот е вакви авиони да се произведуваат во верзии со и без пилоти.

„Б-21 Рајдер е во фаза на тестирање“, рече портпаролката на воздухопловните сили Ен Стефанек .

Ваквото тестирање е клучен чекор во напорите да се обезбеди „далечен и опстанок продорен удар за да се одврати агресијата и стратешките напади против САД, сојузниците и партнерите“, рече Стефанек.

Б-21 Рајдер е првиот нов американски бомбардер по повеќе од 30 години и речиси секој аспект од програмата е таен. Нортроп Груман и воздухопловните сили направија се за да ги заштитат деталите од програмата за да ја спречат Кина да добие пристап до технологијата на оружје и да изгради слична верзија, како што направи со некои други напредни американски авиони како што е Ф-35.

Пентагон го разви Б-21 како дел од напорите за модернизација на сите три дела од својата нуклеарна тријада, која вклучува и нуклеарни балистички ракети и боеви глави лансирани од подморници, и инвестира во ново оружје за да го задржи чекорот со брзата воена модернизација на Кина.

Погледнете го пробниот лет на Б-21 Рајдер: