ВИДЕО | ОВОЈ МОМЕНТ МОЖЕШЕ ДА ГО ЧИНИ ЖИВОТ – Потегот на Конор Мек Грегор за кој се зборува до денес: Погледнете како ММА борецот го фати Владимир Путин, а потоа буквално замрзна

Средбата на Конор Мек Грегор и Владимир Путин предизвика големо внимание, а за видеото кое е направено по тој повод се зборува и денес.

Контроверзниот ММА борец и претседателот на Русија се сретнаа во 2018 година, а Ирецот направи грешка за која веднаш се покаја, а тие моменти повторно станаа вирални на социјалните мрежи.

За неколку часа, благодарение на само една објава на социјалната мрежа Х (Твитер), видеото е прегледано 45 милиони пати…

Во предметното видео се гледа реакцијата на Конор Мек Грегор по инструкцијата што ја добил од обезбедувањето на Владимир Путин.

ММА борецот, кој меѓу колегите важи за бестрашен, доживеа непријатна ситуација за време на финалниот натпревар на СП 2018 година.

Се изгледаше идилично со насмевки на присутните, додека не дојде време двајцата да се фотографираат.

Ирецот ја стави раката околу Владимир Путин, а потоа доби безбедносно предупредување дека не треба да го прави тоа, а погледнете како реагираше:

Тој успеа да добие фотографија на која се гушка со претседателот на Русија, но тоа не му помогна да ги избегне критиките за бурните реакции откако ја спушти раката од Владимир Путин.