ВИДЕО | Огромно торнадо зафати голема американска сојузна држава – сцените ги запрепастија дури и бркачите на бури: “Ова е апсолутно чудовиште!“

Огромно торнадо е регистрирано во близина на градот Јума на североистокот од американската сојузна држава Колорадо.

Моќниот воздушен „ѕвер“ бил снимен на источните рамнини благодарение на камерите на мрежата Viaero, а ловците на бури пријавиле дека истиот се задржува на земјата дури 30 минути.

Засега нема извештаи за значителна штета. Торнадото поминало јужно и западно од Јума, и тоа е претежно ниско, рурално подрачје.

Апсолутно чудовиште“, коментираат корисниците на социјалната мрежа Твитер кои споделија видео-снимки од торнадото.