Видео од Лука Модриќ ја тресе Хрватска! Срамота, ова е очигледно: Капитенот на ,,Ватрените”никогаш не сме го виделе ваков (ВИДЕО)

Хрватската фудбалска репрезентација освои медали на последните две светски првенства.

Во 2018 година беа втори во Русија, а трети во Катар.

Во полуфиналето во Доха, ,,Ватрените” беа глатко поразени од подоцнежниот шампион, селекцијата на Аргентина, со 3:0.

По натпреварот Хрватите фрлаа дрвја и камења кон главниот судија на натпреварот – Италијанецот Даниеле Орсати.

Повеќе од една година по тој натпревар, на социјалните мрежи се појави видео од тунелот на кое се гледа хрватскиот капитен Лука Модриќ од ретко виден агол.

Модриќ ги поздрави судиите и уредно ги искара.

„Срамота, толку е очигледно! Толку е очигледно дека го направите ова“, рекол Модриќ.

Аргентина подоцна ја совлада Франција во фантастично финале по подоброто изведување пенали, додека Хрватска го совлада Мароко со 2:1.