ВИДЕО | ОПЕРАЦИЈА “КАФЕТИН“ – Олигархијата во Македонија води акција за промена на Димитар Ковачевски: Кој ќе биде неговиот наследник !?
Во тек е операција за промена на Димитар Ковачевски, како од лидерската позиција во СДСМ така и од позицијата претседател на Владата на Република Македонија.
Според последните информации кои претходниот ден беа ексклузивно објавени во емисијата Во Центар т.е. во најновата политичка анализа на Васко Ефтов, неговиот наследник од редовите на СДСМ е веќе пронајден. Наследникот на Димитар Ковачевски веќе имал неколку средби со моќни македонски олигарси, а треба да се напомене дека имал и работна средба со моќниот струмички клан.
ОПЕРАЦИЈА „КАФЕТИН“
Целиот овој процес т.е. операција има кодно име – „Кафетин“. Вусшност македонската олигархија го користи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како „плашило“ за да може да се обезбеди многу подобра стартна позиција во преговорите со меѓународната заедница во државата.
Зошто меѓународната заедница застана зад Димитар Ковачевски ? Тие точно проценија дека уставните измени и фамозното „не“ за промените на Уставот на Република Македонија и евроинтеграцијата на државата, е само сретство/алатка за да може меѓународната заедница да расчисти со македонската олигархија.
Повеќе од 30 години, оваа олигархија т.е. оваа група на богати луѓе ја држи Македонија затворена, а сега еден вид влегуваме во финалето на тој процес каде што олигаријата ќе работи на два или три фронта: Да се жартвува дел од олигарсите за да може да пронајде приверемено решение или привремен компромис со меѓународната заедница, додека друг дел од македонската олигархија цврсто ќе стои позади Христијан Мицкоски и неговата борба за власт во државата.
ДАЛИ МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ СДСМ ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ !?
Еден дел од меѓународната заедница во државата ќе сака Социјалдемократскиот сојуз да остане на власт, но во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а за тоа да се случи ќе мора да се најде наследник на Димитар Ковачевски. Всушност станува збор за една комплексна политичка и финансиска операција, која трае веќе десетина месеци.
За повеќе детали околу сите овие случувања на политичката сцена во Македонија погледнете ја емисијата Во Центар. Кликнете ‘Join‘ и бидете член (member) на Јутјуб каналот Vasko Eftov. Следете ги сите политички анализи бидејќи вие имате право да ја знаете вистината.