ВИДЕО | ОПШТА ТЕПАЧКА ВО АВИОН – Драма на небото: Насилник направил вистински хаос за време на летот

Тепачка меѓу патници на лет од Перт за Манила ги шокираше сите патници, а потоа и јавноста кога приказната и видеото од расправијата завршија во медиумите и на Интернет.

Инцидентот се случил во петокот на летот на „Scoot Airlines“ и сето тоа завршило со приведување на маж од Австралија во полиција.

На видеото кое беше објавено, еден патник малтретира други и ги игнорира предупредувањата на екипажот. Тогаш насилникот го забележал човекот што го снима и го нападнал, што прераснало во хаос кој наводно траел со часови.

Во одреден момент патниците успеале да го совладаат и да го врзат насилникот. Авионот слетал, а патниците и стјуардесите ја чекале полицијата која го уапсила.