Аронија за силен имунитет

Аронијата е природен засилувач на нашиот имунитет и антиоксидант број еден, кој доколку го внесеме во нашата исхрана ќе помогне во многу предизвици на кои е изложено нашето здравје.

Тоа се ситни мали бобинки со темно сина боја, слични на боровинката, но по своите лековити својства се двојно пред неа. Месото на плодот е со црвена боја, со слатко киселкаст вкус и е без семки. Високоотпорна е на ниски температури, дури и на оние до – 30 °C, па поради тоа се нарекува и сибирска боровница. Нема природни непријатели и во нејзиното одгледување не се користат пестициди и други вештачки средства.

Плодовите на аронијата се на листата најлековити природни плодови. Содржат витамини: Ц, А, Е, Б1, Б2, Б6, Б9, бои, антоцијани, фолна киселина, минерали: цинк, железо, калциум, калиум, манган, фосфор и јод.

Аронијата помага во прочистување на организмот од штетни материи и тешки метали кои секојдневно се внесуваат во телото и во нивно исфрлање од организмот.

Благодарение на силните антиоксидантни својства, дејствува против слободните радикали во организмот и на тој начин помага во спречување развој на хронични болести, како и стареење на клетките. Помага за намалување на покачениот холестерол и триглицериди.

Придобивките од аронијата се бројни, се препорачува при појава на мигрена и главоболки, при висок крвен притисок, спречување развој на вирусни и бактериски инфекции на уринарниот тракт и ја подобрува работата на црниот дроб и жолчката.

Плодовите на аронија содржат каротин корисен за нормална функција на очите, заштита од УВ-зрачење, против формирање брчки и стрии на кожата. Се препорачува редовна употреба и кај дијабетичари и сите што страдаат од чир на желудник. Особено се препорачува кај постари лица, бидејќи помага во заштита од деменција и појава на Алцхајмерова болест.