ВИДЕО | Откривајќи го полот на бебето тргна наопаку, трудница пред камери му го скршила носот на идниот татко

Иако забавите за откривање на полот на бебиња во повеќето случаи се возбудливи и посебно искуство, понекогаш може да тргнат наопаку. Така, една трудница случајно го скршила носот на својот сопруг и иден татко среде дознавањето дека во нивното семејство ќе пристигне мало девојче.

Видеото брзо стана вистински хит на социјалните мрежи, а моментално има над 32 милиони прегледи и еден милион коментари.

Како што можеме да видиме, воодушевената трудница среќно скокнала кога дознала дека носи девојче, но случајно со главата го удрила во носот на својот сопруг и го скршила. Сето ова, секако, го снимија камерите и видеото набрзо се појави на TikTok.