ВИДЕО | ПАДНА СВЕТСКИ РЕКОРД! Погледнете го најбрзиот забележан гол во историјата на фудбалот: Ова момче има само 20 години

На фудбалската сцена се појавува нова плејада на млади играчи на Барселона, штитеници на познатата академија – „Ла Масија“. Гави, Ламине Јамал, Марк Гуиу… и во средата, 20-годишниот играч од средниот ред, Фермин Лопез, се претстави пред фудбалскиот свет на уникатен начин.

На натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Шахтјор Доњецк, Фермин Лопез во 28. минута му асистираше на Феран Торес за водечки гол, а осум минути подоцна постигна ефектен гол, со кој Каталонците обезбедија победа (2:1) против шампионот на Украина.

Посебна карактеристика на голот на Фермин Лопез е фактот што технологијата ја регистрираше брзината на топката на 230 километри на час. Ова е најголема брзина на шут за гол откако е мерена дисциплината.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА „БОМБАТА“ НА ФЕРМИН ЛОПЕЗ ОВДЕ

Досега сопственик на рекордот беше фудбалерот на Спортинг ЛисабонРони Хеберсон, чиј удар достигна брзина од 210 километри на час. Трет е Арјен Робен со 190, потоа Стивен Рид со 189 и Роналд Куман со 188 километри на час.