ВИДЕО | ПАНИКА ВО МОСКВА – Украинците повторно удрија, алармот ѕвони во руската престолнина: “Сите летови се прекинати!“
Трите најголеми аеродроми во главниот град на Русија, Москва, го суспендираа пристигнувањето и полетувањето на авионите во вторникот рано наутро, објави руската медиумска агенција ТАСС.
„Воздушниот простор е затворен над Внуково, Шереметјево и Домодедово“, потврдил неименуван висок руски функционер и додал: „Влезните летови се суспендирани, а појдовните летови се одложени“, пренесуваат странските медиуми.
Во понеделникот и вторникот, Русија објави серија напади со украински беспилотни летала, вклучително и над Москва.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека руската Армија соборила два борбени беспилотни летала западно од главниот град на Русија рано наутро.
Беспилотните летала биле соборени над градот Красногорск и населбата Части, соопшти кабинетот на градоначалникот на Москва.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Армијата соборила два украински беспилотни летала над Црното Море, 40 километри северозападно од полуостровот Крим, во понеделникот вечерта околу 23 часот по локално време. Исто така, објави дека два соборени се беспилотни летала рано наутро во вторникот во Брјанската област, која граничи со Украина.