Да не завршија на скара 500 килограми млада јагула, наместо за порибување на Охридското езеро?

Охридското езеро не само што со години не било порибувано со јагула, туку му било ускратено и тоа што го предвиделе експертите, а кое е преточено во законска регулатива која за жал не била испочитувана ниту на последното порибување во 2019 година. Тогаш кон крајот на септември во езерото требало да бидат пуштени 865 килограми подмладок од јагула, но во езерските води завршиле само 374, 05 килограми јагула. За да биде резилот уште поголем во јавноста на сите релеватни медиуми и национални телевезии компанијата ЕСМ објавила дека е извршено порибување со 29.421 парче подмладок на јагула, односно 865 килограми, онолку колку што биле планирани, но не биле пуштени.

Каде испариле 491 килограм јагула?, е неизбежно прашање по кое трагаше редакцијата Журнал.

Откако Министерството за земјоделство не упати одговрите да ги бараме во Државниот инспекторат за земјоделство, оттаму ни одговорија дека врз основа на Законот за рибарство и аквакултура (Сл. весник на PM 6р.07/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15, 39/16 и 83/18 и Сл. весник на РСМ бр.150/21) Државниот инспекторат за земоделство има обврска да присуствува при порибуваье на риболовните води, а во случајот со порибување со јагула во Охридското Езеро истото е извршено за последен пат на ден 28.09.2019 година од страна на АД ЕСМ.

Инспекторот кој бил на терен во својот записник нотирал дека порибување било извршено на неколку локации на езерото: Калишта, Радожда, Струга, Подмоље со 374, 05 килограми јагула со просечна тежина од 25 грама, парче.

„Согласно информацизата од државниот инспектор за земіоделство кој присуствувал при порибувањето вкупната количина на подмладок од јагула со која требало да се пориби Охридското Езеро изнесувала 865 кг“, велат во својот одговор од Државниот инспекторат за земјоделство.

И токму во овој официјален податок е клучниот одговор во нашето истражување кое го почнавме откако се посомневавме во математиката на ЕСМ, на која не поттикна самата компанија која јавно објавила дека Охридското езеро го подмладила со 865 килограми јагула, а всушност инспекторот кој бил присутен на денот на порибувањето во својот записник архивиран во Државниот инспекторат за земјодлество запишал дека во водите на езерото запливале само 374 килограми јагула.

Дознаваме дека во записникот стоело и тоа дека 145 килограми од подготвената јагула за порибување (тоа значи платена со народни пари- угинале. Не се наведува како и кои биле причините за тоа, но и со овие 145 килограми, за жал, угинати јагули математиката на ЕСМ, јавно објавената и онаа на инспекторите е во кусок од 346 килограми јагула. Ова уште повеќе ги разгоре нашите сомнежи дали можеби јагулата завршиле на нечија скара? – затоа нашата потрага по вистината овде нема да запре.