ВИДЕО | ПАНИКА ВО СРЦЕТО НА РУСИЈА – Силна експлозија одекна во Москва: “Украинците го нападнаа центарот на градот!“

Украина се обиде да изврши напад со беспилотно летало врз Москва и нејзиниот регион во петокот рано наутро, соопшти Министерството за одбрана на Русија во соопштение објавено на социјалната мрежа Телеграм.

UAV (беспилотно летало), откако беше цел на оружје за против-воздушна одбрана, ја промени патеката на летот и се урна во нестанбена зграда во насипот Краснопресненскаја во Москва“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Sky News јавува дека е соборен дрон над центарот на Москва и дека силна експлозија се слушнала во близина на деловниот кварт на руската престолнина.

Според руската државна медиумска агенција ТАСС, поради тоа воздушниот простор на Москва е затворен.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на социјалната мрежа Телеграм напиша дека остатоци од дронот паднале на „Expo“ центарот, голем изложбен простор во центарот на Москва.

Нема значителна штета на објектот“, вели тој во објавата.