ВИДЕО | Пари паѓале од небо! Тиктокер со златна маска фрлил 24.000 евра од дрон, дете повредено во толпата
Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвика метеж во парк во Цирих , откако исфрли 24.000 евра од дрон.
Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собрале значителен број граѓани. Во општиот метеж и борба за пари е повредено 12-годишно момче.
Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажа огромна вреќа со пари која ја закачи на дрон.
„Непосредно пред 20 часот над паркот беше издигнат дрон. Во толпата, момче од Доминиканската Република е повредено со остар предмет “, соопштила полицијата.
Тој е префрлен во болница, а на видео снимките од паркот се гледа барем возило на брза помош, пренесува Билд .
Полицијата не објасни за каков „остар предмет“ се работи, а не се знае ни што се случило со дронот .
Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „hepening“ не е одобрен. Неговиот идентитет е познат на властите, но не е објавен.
Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјавил портпаролот на полицијата.