ВИДЕО| Патниците заминале збунети и мокри за време на 4-часовниот лет до Њујорк: „Врне дожд во авионот“

Девојката во еден момент ја соблекла натопената бела кошула и ја фрлила преку потпирачот за грб

Необичната сцена е снимена за време на четиричасовниот лет до Њујорк, а меѓу патниците била и тиктокерот Савана Говарти.

Таа објави видео кое за краток период го погледнале 3,6 милиони луѓе. Таа не откри со кое друштво патува.

На видеото гледаме кабина исполнета со необична магла, а девојка со видно мокра коса и лице вели: „Што се случува?“.

@savinnyc

Nothing better than being on a 4hr flight back to new york soaking wet and cold #flying #plane #vacation #pilot #fyp

♬ Paper planes M.I.A – songs for u <3

Во еден момент Савана ја соблече натопената бела кошула и ја фрли преку потпирачот за грб, надевајќи се дека ќе се исуши, пишува Daily Star .

„Четиричасовен лет. Ладно ми е“, изјавила девојката пред камерата.

Пилотот на авионот, наводно, ја коментирал ситуацијата со зборовите: „Изгледа како да врне во кабината“.

Нереалната сцена е резултат на кондензација на вода во системот за проток на воздух и уредите за ладење, пишува New York Post .