(ВИДЕО) „ПЕЈАЧ ПО ДВЕ ГОДИНИ ЈА СКРАТИЛ КОСАТА“ Објави клип од салонот, а потоа ја воодушеви јавноста: „Сто пати поубав човек“

Пејачот Саша Капор во последните години е препознатлив по долгата коса и брада, а сега реши да направи драстична промена и да ја скрати косата.

Иако на почетокот на кариерата носеше сосема поинаква фризура, Саша Капор повеќе од две години ја пушти косата, а сега одлучи дека е време за промена и ја сними посетата на фризер.

Тој на својот TikTok профил објави клип од салонот каде ја покажа трансформацијата со краток опис: „Две и пол години застанаа за 20 секунди“.

@salon_piric

📯 U komentaru glasajte da li je 👍 ili 👎 #sasakapor

♬ A sad adio – Ansambl Lole

Коментарите под видеото едноставно не престануваа, а речиси сите го пофалија неговиот нов изглед.

„О, сто пати поубав човек“ е само еден од коментарите.

Завршил тежок универзитет

Да потсетиме, Саша не го запостави своето образование поради музиката, а на 35 години стана сообраќаен инженер.

Николина Ковач и Саша Капор

 Се запишав на Машинскиот факултет во Белград, каде што бев добар студент и успешно се запишав во трета студиска година. Цело време од мојата кариера потсвесно сакав да ја исполнам и другата моја љубов покрај љубовта кон музиката, а тоа е љубовта кон воздухопловството, па образованието го продолжив на Факултетот за цивилно воздухопловство – рекол тој.