ВИДЕО | Погледнете го егзодусот и паничното бегство на Русите од Бахмут: “Владимир Путин ‘полуде’, Кремљ не знае што се случува, Сергеј Шојгу оди на се или ништо!“

На социјалните мрежи се појави видео кое го прикажува понижувачкото повлекување – поточно бегството – на руските војници во близина на градот Бахмут. 

Овој настан се случи истиот ден кога рускиот претседател Владимир Путин одржа уште една воена парада за „Денот на победата“, но со значително намалени димензии од вообичаеното поради, како што објавија многу странски медиуми, разорните загуби на руските воени сили во Украина.

Се чини дека видео-снимката ги потврдува извештаите дека редовните руски сили „се свртеле и побегнале“, при што Киев тврди дека остварува територијални придобивки по неколкумесечниот руски напредок. На видео-снимката се гледаат руските воени сили како бегаат од бојното поле околу источниот украински град, откако биле совладани од 3-та бригада на Украина.

Ова прв пат го тврдеше Евгениј Пригожин, прв човек на озлогласената платеничка приватна група Вагнер, критикувајќи ја работата на руските редовни вооружени сили, а особено на нивните команданти, во оваа битка што беснее со месеци.

Видео-снимката од повлекувањето на Русите, пишува Daily Mail, е објавена додека Владимир Путин им рекол на своите војници во неговиот годишен говор на парадата на „Денот на победата“ на „Црвениот плоштад“ во вторникот: „Вашите борбени активности сега се од најголема важност. Безбедноста на земјата од вас зависи денес, како и иднината на нашата државност и нашиот народ“.

Украина тврди дека елиминирала 64 руски борци од окупаторските руски сили и оставила уште 87 ранети и заробила многу руски војници на југозападниот раб на Бахмут.

Како што е соопштено од американскиот Институт за проучување на војната (ISW), Евгениј Пригожин тврдел дека руската 72-та моторизирана бригада на Третиот армиски корпус ја напуштила стратешката позиција, што резултирало со загуба на околу 500 борци од групата Вагнер.

Украинските војници во средата објавија дека ја принудиле руската пешадиска бригада да се повлече од областа во близина на Бахмут, потврдувајќи ја неодамнешната изјава на првиот човек на руската платеничка група Вагнер дека руските сили побегнале од фронтот.