ВИДЕО | Погледнете го овој зборлест папагал: „Фала богу има некој позборлив од жените“

Додека стои на рамото на сопственикот, кој се буни затоа што ги „запалил“ каблите, овој папагал не ѝ дозволува да дојде до збор. На нејзините два збора, птицата кажува најмалку четири. 

Очигледно нема да признае дека ги џвакал каблите, па вришти, жубори, прекинува и прави звуци како двегодишно дете, кога уште не знае добро да зборува, но затоа знае како да се расправа.

И тој се обидува да ја надгласи жената.

Некој во коментар напишал: „Фала богу има некој позборлив од жените“.

Слушајте ја расправијата, дури и да не знаете португалски, ќе уживате во неа: