Нападната кубанската амбасада во САД: Фрлени два молотови коктели

Министерот за надворешни работи на Куба Бруно Родригез Парила соопшти дека вчера во текот на ноќта била нападната кубанската амбасада во Соединетите Американски Држави.

Амбасадата стана цел на терористички напад, напиша тој на мрежата Икс.

Според него, непознато лице фрлило две шишиња со експлозивен материјал кон дипломатското претставништво на Куба.

За среќа никој од вработените не е повреден.

Инаку, ова е втор ваков напад од 2020 година. Тогаш маж отворил оган кон амбасадата со автоматска пушка.

Истрагата е во тек.