Пожар во фабрика: Телата на жртвите непрепознатливи; Повеќе од 100 луѓе се повредени

Властите во Тајван соопштија дека девет лица, меѓу кои четворица пожарникари, загинале во пожар во фабрика за топчиња за голф.

Владата на округот Пингтунг на југот на Тајван, остров на кој Кина претензии, соопшти дека повеќе од 100 луѓе, од кои повеќето работници, се повредени во пожар што избувна во текот на викендот.

Неименуван претставник на локалната власт изјави за АФП дека едно лице сè уште се води како исчезнато, додека потребни се дополнителни тестови за да се идентификуваат телата пронајдени на местото на пожарот.

Тајванскиот претседател Цаи Инг-вен го посети местото на пожарот и повика на истрага.

Претставник на противпожарната служба за локалните медиуми изјавил дека пероксидот пронајден во фабриката можеби го предизвикал пожарот во кој се урнал дел од покривот на фабриката.