ВИДЕО | ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ТУНЕЛИТЕ НА ХАМАС – Израелската Армија објави снимка од северниот дел на Појасот Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија видео на социјалните мрежи од тунел на Хамас во северниот дел на Појасот Газа.

Тие велат дека израелските трупи откриле повеќе точки за пристап до подземните премини на палестинската терористичка група.

ИДФ во објава на социјалната мрежа X (Твитер) напиша дека членовите на Хамас се кријат во комплицирана мрежа на подземни тунели, а во исто време ги попречуваат цивилите да се евакуираат на безбедно од северот на Појасот Газа на југ на енклавата.

Исто така, се забележува дека израелските војници откриле повеќе пристапни точки до подземните тунели на Хамас за време на оперативните активности во северниот дел на Појасот Газа.

На видео-снимката се гледа дека меѓу урнатините има отвор на подот кој води до подрумска просторија или тунел и дека во него има скала. Исто така, надвор, во тревата и грмушките, снимен е наводен излез од еден од тунелите, а како изгледа сето тоа можете да погледнете во видеото ОВДЕ.