ВИДЕО | Погледнете како изгледаше масовната тепачка во Собранието на Косово: Албин Курти избањат, а неговите министри тргнаа во одбрана: “Ѓубриња!“
Додека премиерот Албин Курти им се обраќал на народните избраници, во Собранието на Косово избила масовна тепачка, пренесува веб-порталот Klix.ba.
За време на говорот на Албин Курти за планот за деескалација на северот на Косово, пратеникот на Демократската партија на Косово, Мергим Луштаку, го поли со вода, по што интервенираа министрите од кабинетот, а потоа ситуацијата целосно ескалираше.
Опозициските партии цело време му се спротивставуваа на премиерот Албин Курти, нарекувајќи го – „ѓубре“.
Ситуацијата ескалирала до физичка пресметка меѓу министрите и претставници на опозицијата. Во тие моменти се слуша како министерката Албулена Хаџиу го прашува пратеникот Мергим Луштаку – „Дали си нормален ?“
Во тој момент започнала тепачка, а полицијата влегла по барање на претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца.