‘ГОТВАЧОТ’ Е МРТОВ !? Евгениј Пригожин му објавил ‘војна’ на Владимир Путин бидејќи боледувал од опасна болест: “Тој немаше што да загуби, а повеќе нема ниту да ја види светлината на денот!“

Пензионираниот американски генерал Роберт Абрамс, некогашен командант на американските сили стационирани во Јужна Кореја, вели дека првиот човек на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин е или мртов или во затвор, пишува Daily Mail.

Роберт Абрамс вели дека Евгениј Пригожин најверојатно е мртов и дека јавноста најверојатно никогаш повеќе нема да го види. 

Или ќе биде испратен на некоја тајна локација или во затвор, а можно е да го отстранат на некој друг начин. Се сомневам дека некогаш повторно нема го видиме“, тврди Роберт Абрамс.

Пензионираниот американски генерал вели дека не мисли дека Евгениј Пригожин е жив. „Ако е, тој е некаде во затвор“, кажува Роберт Абрамс.

Евгениј Пригожин некогаш беше еден од најблиските „интимни“ соработници на рускиот претседател Владимир Путин, но тоа се промени на крајот на јуни кога лидерот на Вагнер изврши еден вид државен удар поради долгогодишно несогласување со рускиот воен естаблишмент. По наводната интервенција на белорускиот претседател Александар Лукашенко, Евгениј Пригожин се откажал од пучот.

Првиот човек на Вагнер и лидерот на Кремљ се надмудруваа еден со друг веќе некое време после тоа, а сите нејаснотии се вели дека се испеглани на тајна средба што се одржала на почетокот на оваа недела.

Роберт Абрамс, меѓутоа, тврди дека средбата му изгледала „инсценирана“. „Ќе бидам изненаден ако некогаш добиеме официјална потврда дека тие навистина се сретнале“, тврди пензионираниот генерал.

Рускиот независен медиум Project во средата објави дека Евгениј Пригожин го извршил бунтот затоа што се лекувал од „рак на желудникот“ и дека поради тоа верувал дека „нема што да загуби“. Project пишува дека од страна на поранешните членови на Вагнер имаат информации дека Евгениј Пригожин се лекува од рак. По долгата терапија, првиот човек на Вагнер сега наводно е во ремисија. 

Ова е човек кому му беа отстранети желудникот и цревата. Евгениј Пригожин има рак, но тој повеќе не се шири“, пишува Project по информации добиени од два различни извори.