ВИДЕО | Погледнете ја лудата прослава на Новак Ѓоковиќ со тимот и семејството на која и се придружи и познат холивудски актер

Новак Ѓоковиќ го победи Даниил Медведев во финалето на УС Опен и со тоа ја освои својата 24. Грен Слем титула во кариерата и стана веројатно најуспешниот тенисер во историјата. 

Новак Ѓоковиќ на тој начин се израмни со Маргарет Корт, која исто така освои 24. Грен Слем титули и беше сама со тој рекорд цели 50 години.

Новак Ѓоковиќ со освојувањето на УС Опен заработи три милиони долари, а кога го освои последниот бод, на теренот започна големо славје. Новак Ѓоковиќ истрча кај својот тим и семејството и почнал да слави со нив, а на прославата им се придружи и познатиот холивудски актер Метју Меконахи. Погледнете како изгледаше сето тоа во видеото: