(ВИДЕО) Погледнете ја рацијата на специјалната полиција во станот во кој се криеле водачите на балканскиот картел: Прокриумчареле повеќе од седум тони кокаин
Во голема полициска акција во Србија уапсени се 13 лица за меѓународна трговија со дрога. Тие се дел од т.н балканскиот картел.
Видеото може да го погледнете ТУКА
Приведени се водачите на балканскиот картел кој во последните години организираше шверц на повеќе од седум тони кокаин на европска територија.
Српското МВР во соработка со Европол и Обвинителството за организиран криминал уапси и приведе 13 лица од Белград, Ниш, Лазаревац, Суботица и Зрењанин во рамки на меѓународната акција Easy .
Се се одвивало во тајност, а на задачата соработувале со холандската и белгиската полиција, пишува Нова.рс.
Министерството за внатрешни работи на Србија објави видео од упадот на специјалната полиција во станот во кој се наоѓале членовите на оваа криминална група.
Балканскиот картел се состои од 20 лица, од останатите седум, четворица се во бегство , двајца се веќе зад решетки, а еден е во притвор поради други причини.
Има сомнеж дека се занимаваат со меѓународна трговија со наркотици и дека во текот на 2020 година учествувале во набавка и транспортирање на кокаин од Јужна Америка во Западна Европа и Србија .
Во февруари 2022 година, тие се договориле да достават дрога во износ од 4,5 милиони евра на Карибите.
Во тек се претреси на повеќе локации.