Актерката Рис Витерспун на својот TikTok профил го сподели рецептот за десертот „Чокосино“ чија главна состојка е снегот и со тоа ги згрози своите фанови на социјалните мрежи. Всушност, Рис сподели видео на кое таа го собира снегот од својот автомобил и го става во две чаши.
-Имаме многу снег во последните денови. Решивме да смислиме рецепт. Најпрво ставивме снег во чашките, па додадовме слатка карамела и чоколаден сируп. Потоа решивме да додадеме ладно кафе – објасни таа.
„Сте виделе како изгледа снегот под микроскоп?“, „Снегот не се јаде, ќе се разболите“, „Снегот е валкан, како можеш да го направиш ова?“, „Единствено што ме загрижува е тоа што таа го зеде снег надвор од автомобилот?“, „Ова? не е безбедно“, „Не, не и не“, „Ова е одвратно“, се само дел од коментарите под објавата.
Инаку, холивудската актерка минатата година се најде во центарот на медиумското внимание откако објави дека се разделува од сопругот Џим Тот, неколку дена пред нивната 12-годишнина од бракот. Како што пренесува Us Weekly, откако ги погледнале хартиите од случајот за развод, на суд се договориле како да го поделат старателството над нивниот десетгодишен син Тенеси.