ВИДЕО | Полицијата добила дојава за безживотно тело во езерото, а потоа дошло до пресврт: „Плачам од смеење“
Очевидци изјавиле дека тој со часови лебдел на површината на водата
Полицајците од индиската држава Телангана добиле пријава за „безживотно тело во езеро“, во областа Ханумаконда и веднаш реагирале.
На лице место забележале маж без кошула, кој со часови лебдел на површината и веднаш се посомневале дека се работи за работник од блискиот каменолом.
Брзата помош одговорила на повикот, а била донесена одлука неподвижното тело да се извлече од водата, пренесува Times Now News.
На видеото гледаме како обезбедувачот се обидува да стигне до телото, а потоа следел шокот.
Зашеметениот човек се разбудил и излегол на брегот!
Неименуваниот маж навистина работи во каменолом и решил да го „освежи своето тело“ во езерото. Во меѓувреме, тој заспал.
Урнебесното видео брзо стана вирално, а многу корисници оставија хумористични коментари.
„Го гледам петти пат и плачам од смеа“, напиша едно лице, додека друго продолжи: „Ова изгледа како сцена од филм“.