ВИДЕО | ПОЛИЦИЈАТА НА КОСОВО ОБЈАВИ СНИМКИ ОД СРПСКИ НАПАЃАЧИ – Погледнете го арсеналот оружје што го пронашле
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свеќља, на прес-конференција во неделата изјави дека целта на нападот во Бањска е анексија на северот на Косово од страна на Србија.
Според Џељаљ Свеќља, подготовките за нападот биле направени во централна Србија, што, како што кажа, може да се види од запленетите дронови.
Имено, Џељаљ Свеќља тврди дека подготовките за нападот се вршеле во тренинг центри во Србија на Копаоник, на имотот на Милан Радоичиќ.
„На обуката учествуваа српскиот претседател Александар Вучиќ, министерот за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Армијата Милан Мојсиловиќ“, тврди Џељаљ Свеќља.
Тој го обвини Александар Вучиќ дека се обидува да го сокрие фактот дека Србија била вмешана во организацијата на нападот.
Директорот на косовската полиција Газменд Хоџа изјави дека групата која ја нападна косовската полиција во Бањска на 24. септември се подготвувала подолго време во Србија и вежбала во реонот на хотелот „Греј“ на Копаоник, кој е сопственост на Милан Радоичиќ, а вежбале и на полигонот Пасуљанска Ливада кој е во сопственост на српската Армија.
Тој додаде дека Србија и ставила на располагање логистика и инфраструктура на таа група.
„Воените вежби беа одржани на еден од најголемите воени полигони во Србија, најмалку четири дена пред нападот на Бањска“, тврди Газменд Хоџа.
Косовската полиција ги објави спорните снимки на социјалната мрежа Фејсбук во неделата доцна навечер. Во продолжение ви ги пренесуваме сите објавени снимки со описи на косовската полиција.
ВИДЕО 1 – погледнете го ОВДЕ.
Снимката е направена на 26. август годинава во Копаоник. На видеото е прикажан хотелот „Греј“ во сопственост на Милан Радоичиќ.
ВИДЕО 2 – погледнете го ОВДЕ.
Видеото е снимено на 2. септември, исто така на Копаоник, во близина на просториите во сопственост на Милан Радоичиќ. Видеата покажуваат дека облеката се тестира на термални камери. Остатокот од видеото ги прикажува последните вежби на терористичката група на полигонот на српската Армија познат како Пасуљанска Ливада.
ВИДЕО 3 – погледнете го ОВДЕ.
Тука може да се видат моторни возила, пишува косовската полиција. На видеото се гледа како се симулира нападот, а се симулира и ранувањето на членовите на терористичката група.
ВИДЕО 4 – погледнете го ОВДЕ.
Ова видео прикажува група која наидува на отпор и симулира оклопна поддршка.
Покрај видеата, полицијата објави и фотографии од запленетото оружје.
„Ова е дел од оружјето што докажува дека ова оружје е произведено во Србија и дека е ново оружје“, пишува косовската полиција во објавата.