ВИДЕО | “ПОСЕБНО ВНИМАВАЈТЕ НА ОВОЈ МОМЕНТ!“ – Експерт за говор на телото го анализираше интервјуто на Владимир Путин со Такер Карлсон: “Од изразување задоволство до сериозност“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараше со американскиот новинар Такер Карлсон, што воедно е и негово прво интервју за некој западен медиум, во овој случај независен новинар, откако Русија ја започна инвазијата на Украина.

Интервјуто на Владимир Путин во кое нагласи дека Русија не сака никакво проширување на војната која моментално е во границите на Украина, беше проследено низ светот, а денес го анализираат водечките светски медиуми.

Експертот за говор на телото, Џуди Џејмс, за американското издание на Daily Express изјави дека Владимир Путин во неколку наврати за време на интервјуто го истакнал својот авторитет.

Во текот на разговорот Владимир Путин во неколку наврати ги подигна двата показалци, што е акцент на авторитетот и моќта“, вели Џуди Џејмс.

Џуди Џејмс, исто така, забележала дека држењето на Владимир Путин се променило за време на разговорот – од изразување на задоволство до сериозност додека се приближувал кон крајот на интервјуто. Џуди Џејмс особено го истакна неговиот гест кога гордо зборуваше за хиперсоничните системи и руските технолошки достигнувања.

Имаше моменти во кои Владимир Путин уживаше. Тоа го гледаме од позицијата на неговото торзо кое се прошири додека зборуваше за руски хиперсонични ракети кои се помоќни од сите други“, тврди Џуди Џејмс.

Владимир Путин

Таа го спореди говорот на телото на Владимир Путин со реакцијата на Такер Карлсон.

Новинарот на почетокот изгледал опуштено, но постепено станал сериозен додека Владимир Путин ја продолжувал својата презентација. Рано, забележува Џуди Џејмс, претседателот на Русија го поставил тонот на разговорот прашувајќи го Такер Карлсон дали сакаат сериозно да разговараат или дали тој сака да направи „ток-шоу“.

Ова ја постави основата за рестриктивниот тон на разговорот што следеше.

Владимир Путин потоа ја презеде контролата врз разговорот со презентирање на историски наратив за Русија и Украина, додека Такер Карлсон најчесто слушаше без да интервенира.

Нема сомнеж дека Владимир Путин доминираше во интервјуто“, се согласуваат експертите.