Објавена листа која (не)изненади многумина: Ова се земјите кои се најмалку пријателски настроени кон туристите – Бугарија во друштво на Русија ?

Без разлика дали сте на викенд или на одмор, грубите или непријатните локални жители можат целосно да ви го расипат уживањето. Значи, ако не сакате да ве избегнуваат келнерите и да ве одбиваат таксистите, тогаш Пакистан и Русија дефинитивно не се дестинации за вас.

Светскиот економски форум (СЕФ) објави листа на земји кои се најмалку пријателски настроени кон туристите ширум светот. На списокот се наоѓаат дестинации каде туристите не само што не се добредојдени, туку локалното население целосно ќе ги избегне. Интересно е да се забележи дека и покрај нејзината репутација, Франција не е ни блиску до врвот на оваа листа.

Извештајот на СЕФ за односот на населението кон странските посетители ги рангира дестинациите врз основа на бодовите што ги добиваат, од 1 до 7. Во рангирањето се користат и анкети на светски патници, но се оценува и туристичката инфраструктура и содржините на дестинациите.

Најмалку гостопримлива земја во светот за туристи е Боливија, потоа Венецуела и Русија. Единствената земја од нашиот регион, Бугарија, е на деветтото место, што за нас Македонците воопшто не е изненадувачки.

Според меѓународната статистика за пристигнување на туристи, извештајот исто така покажува дека Европа останува водечки туристички регион за конкурентноста на патувањето и туризмот. Првите пет земји во светот каде туристите се добредојдени се наоѓаат на Стариот континент, додека меѓу најдобрите 20 има дури 13 од Европа.

Најмалку пријателски земји за туристите:

  1. Боливија
  2. Венецуела
  3. Русија
  4. Кувајт
  5. Литванија
  6. Иран
  7. Пакистан
  8. Словачка
  9. Бугарија
  10. Монголија