ВИДЕО | Потресна исповед на една од најнадежните фудбалски ѕвезди на Англија: “Ме малтретираа, се дрогирав кога имав само 8 години, станав зависник…“
Поранешниот фудбалер на Тотенхем и Англија, Деле Али се распадна пред камерата во „The Overlap“, подкаст што го води Гери Невил.
Под водство на Маурисио Покетино во Тотенхем, Деле Али беше познат како бисер на англискиот фудбал, а во сезоната 2015/16 ја освои наградата за најдобар млад играч на годината. Седум сезони подоцна тој е позајмен играч на Бешикташ од Евертон и се обидуваше да ја оживее кариерата. Во подкастот Деле Али одговори што всушност му се случило.
„Сега е време да им кажеме на луѓето што всушност се случило. Тешко ми е да зборувам за тоа бидејќи долго време го криев. Се плашам да зборувам за тоа. Кога се вратив од Турција и дознав дека морам да направам операција, бев во лоша состојба психички и решив да добијам помош, да се пријавам на рехабилитација за ментално здравје во установа која се занимава со зависности и трауми. Чувствував дека е мое време. Не може некој да ви каже дека треба да одите таму, треба сами да одлучите“, изјавич денеска 27-годишнио Деле Али, која летово шест недели помина на рехабилитација во САД.
Во едно интервју тој откри дека размислувал за пензионирање на само 24 години.
„Се сеќавам дека едно утро се разбудив и морав да одам на тренинг. Се погледнав во огледало и прашав дали ќе се пензионирам сега, на 24 години. Моето срце беше скршено. Отсекогаш сум се борел против себе во се. Ако победев, тогаш ќе бев среќен. Но, длабоко во себе ја губев битката“, открил тој со насолзени очи.
Гери Невил, поранешниот легендарен играч на Манчестер Јунајтед, во соопштението го окарактеризира ова интервју како – „најемотивниот, најтежок, но инспиративен разговор што некогаш го имал во животот“.
Во него, меѓу другото, Деле Али откри досега непознати детали од неговиот живот и кариера, како што се траумите од детството.
Тој се доверил дека како дете бил малтретиран од пријател на неговата мајка алкохоличарка, дека пробал дрога уште на осум години и дека на крајот станал зависен од апчиња за спиење.