ВИДЕО | ПО СЕДУМ ГОДИНИ ПАУЗА, ЦЕЦА ГО РАСПЛАКА ЦЕЛИОТ РЕГИОН – Пејачката објави емотивна песна посветена на легендарниот Џеј Рамадановски
Едно од најголемите музички имиња на овие простори, Светлана Цеца Ражнатовиќ, по долга пауза од седум години сними песна за филмот „Недеља“ посветена на легендарниот Џеј Рамадановски.
Ова е преседан во кариерата на Светлана Цеца Ражнатовиќ, имајќи предвид дека оваа песна не е напишана специјално за нејзиниот репертоар или албум, туку исклучиво за промоција на филмот, а нејзиниот долгогодишен пријател и поранешен соработник Александар Радуловиќ Фута ја напиша музиката и аранжманот за оваа песна.
„Тоа е песна која никого не остава рамнодушен, полна со емоции, тага и болка. Исто како што беше случај со повеќето песни на Џеј. Можеби ова ќе биде првпат во мојата кариера, да отпеам песна која нема никаква сличност со мојот приватен живот, бидејќи како што е познато, речиси сите песни се врз основа на настани од мојот живот“, објасни Светлана Цеца Ражнатовиќ за соседните медиуми.
Анастасија Гудељ се огласи на социјалната мрежа Инстаграм откако песната што нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ ја отпеа за потребите на филмот „Недеља“ ја здогледа светлината на денот.
„Каква песна…“, воодушевено напиша Анастасија Гудељ на својот профил споделувајќи ја песната.
Од 18. јануари филмот „Недеља“, приказната за еден од најомилените музичари на овие простори, Џеј Рамадановски, ќе биде во кино салите низ Србија и регионот. Овој филм е инспириран од вистински настани, филмот ја раскажува приказната за Џеј Рамадановски од раната младост до неговите први успеси во светот на музиката.