ВИДЕО | Прашање од 20 милиони долари: Дали можете да ја забележете разликата помеѓу вистинското и лажното Ferrari !? Еден детал открива се – погледнете!

Нема ништо ново кога се во прашање репликите на автомобилот Ferrari. Тие постојат со децении, а луѓето се уште копнеат по оригиналите, па во недостиг на финансиски средства прават реплики. И кога ќе земете во предвид дека оригиналот може да чини дури 20 милиони долари во најпосакуваните спецификации со затворени фарови, не е ни чудо.

Особено кога BMW Z3 е толку евтин, а има комплети како DNA Automotive 2Fifty Cal кои ја прават конверзијата помалку комплицирана. Но, проблемот со овие проекти е што правилното обликување на автомобилот е всушност само дел од трансформацијата. Никогаш нема да измамите експерт, но за да измамите некого е потребно целосно отстранување на внатрешноста на BMW и многу повеќе.

Тоа е скапа работа и одзема многу време, но тоа е процесот низ кој помина сопственикот на еден од овие два автомобили за време на тригодишната трансформација.

Досега сме виделе многу реплики, но она што навистина го привлече вниманието во овој случај е тоа што сопственикот ја снимил својата реплика рамо до рамо со вистинскиот автомобил за да нагласи колку е слична. И не треба многу време за да се забележат разликите – најзабележлива е положбата на тркалата.

Потоа, тука се прозорците на подолгите врати, а модерното ветробранско стакло е премногу тесно и недоволно исправено. Како што пишува Auto Club, во внатрешноста можеме да видиме отвори за вентилација на BMW, безбедносни појаси и дигитална километража. Ако сè уште не сте ја забележале разликата, оригиналот е лево.

Сепак, ова не е реплика од милион долари, тоа е обичен BMW Z3 облечен во „фустан“ од стакло и пластика, а кога ќе размислите за тоа, невозможно е да не бидете импресионирани од она што го постигна овој сопственик.