Младиот човек кој загина во подморницата ИМАШЕ САМО ЕДНА ЖЕЛБА: „Рече дека ќе го направи тоа со Титаник“

Светот се уште е во шок откако пет лица загинаа во подморницата Титан.

Сите внимателно ги следеа настаните поврзани со подморницата која сакаше да стигне до Титаник. Меѓу жртвите има и татко и син, а мајката на загинатиот млад човек откри како двајцата отишле на оваа експедиција.

Нејзиниот син се пријавил да го собори Гинисовиот рекорд и со себе зел Рубикова коцка, додека сето тоа требало да го сними неговиот татко.

“Во тој момент не разбрав што може да значи. Сè само тргна надолу”, рекла мајката.

Таа додаде дека нивното семејство претходно го планирало ова патување, но се е одложено поради пандемијата, а како што рече, тој никогаш не излегол без Рубиковата коцка, можел да ја реши за само 12 секунди.

Рече, ќе ја решам Рубиковата коцка на 3.700 метри под морето, кај Титаник“, рекла мајката.