РОДИТЕЛИ, ВНИМАВАЈТЕ! Ова е храна која го оштетува ДЕТСКИОТ МОЗОК, може да доведе до ДЕПРЕСИЈА, веднаш отстранете ја од менито

Развојот на детето многу зависи од исхраната, а за да може детето да израсне во здрава личност, многу е важно да се избегнува конзумирање на одредена храна.

Храната  треба да биде извор на енергија и здравје, а не причина за разни проблеми. Затоа е многу важно на децата да им се објасни која храна е добра за нивниот организам, а која само штета, за да стекнат  добри навики до крајот на животот. Секако, секогаш е дозволено да се јаде нешто што не е многу здраво , а ни се допаѓа многу, важно е само да не е премногу често.

Имено, истражувачите од Универзитетот „Вестерн“ проучувале студии кои се занимавале со влијанието на лошиот избор на храна врз децата и нивниот мозок. Тие прегледале повеќе од 100 различни студии за да дојдат до некои изненадувачки заклучоци.

Според извештајот за 2020 година објавен во „The Lancet: Child & Adolescent Health“, апсолутно најлошиот вид на храна за мозокот на вашето дете е  брзата храна.  Од друга страна, бевме сведоци дека родителите во Србија често им даваат на своите деца токму ваква храна, бидејќи сите малечки ја сакаат, особено кога се надвор.

Извештајот на Лансет покажа дека децата и тинејџерите консумираат многу високи количини на висококалорична брза храна, што  негативно влијае на нивниот развој на мозокот.

Зошто се случува ова?

Во адолесценцијата , мозокот сè уште го развива својот фронтален лобус , делот од мозокот одговорен за меморија, внимание и контрола на импулсите. А брзата храна, според оваа студија, може да има негативно влијание врз способноста на детето да се саморегулира во изборот на храна, пишува eatthis.

Дополнително, извештајот покажува дека доколку децата консумираат брза храна и во големи количини, нема да го научат правилото за избор на храна и како резултат на тоа може да се појави значителен вишок килограми .

Депресија и оштетување на меморијата

Студија од социјална психијатрија и психијатриска епидемиологија покажа дека лошиот квалитет на исхраната кај адолесцентите е исто така поврзан со повисоки инциденци на депресија. И една нова студија од Универзитетот во Џорџија покажа дека зголемената потрошувачка на додаден шеќер во детството може да доведе до оштетување на меморијата во зрелоста. Сепак, оваа студија е спроведена на глувци, па затоа се потребни повеќе истражувања.

Прегледот од 2017 година вели дека здравата исхрана за развој на детето вклучува:

  • многу протеини,
  • јаглехидрати (не рафинирани),
  • здрави масти,
  • железо,
  • витамини А, Ц, Д и Б.

„Медицински вести денес“ предлага да му понудите на вашето дете храна како што се:  лиснат зеленчук, грчки јогурт, масна риба и јајца.  Експертите веруваат дека тие придонесуваат за правилен развој на мозокот кај децата.