Шведска ќе стане членка на НАТО, вели шведскиот премиер

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека Шведска „ќе стане членка на НАТО“.

Шведска заедно со Финска стави крај на деценискиот статус на воена неутралност со објавување на намери за приклучување кон сојузот по почетокот на руската окупација на Украина,

Шведскиот премиер рече дека се надева дека ќе го заврши процесот пред или за време на самитот на НАТО во Литванија на 11-12 јули.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги засили повиците да се приклучи на Алијансата пред тој состанок.