ВИДЕО | Првиот Турчин во вселената: Вака влезе во историјата

Четиричлениот екипаж ќе спроведе над 30 научни истражувања за време на нивниот 14-дневен престој на Меѓународната вселенска станица

Новите астронаути, кои пристигнаа на ISS со вселенското летало SpaceX Crew Dragon, ќе останат таму две недели. А интересното е што меѓу нив има и Турчин, кој е првиот турски државјанин во вселената.

Мисијата беше лансирана од Вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида, во 16.49 часот Источно време во четвртокот со ракетата Фалкон 9 на приватната компанија за истражување на вселената Спејс икс.

Капсулата Драгон, со екипажот, во кој е и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, се спои со Меѓународната вселенска станица денес во 05.42 часот по Источно време (1042 GMT).

Четиричлениот екипаж ќе спроведе над 30 научни истражувања за време на нивниот 14-дневен престој на Меѓународната вселенска станица.