ВИДЕО | Првиот човек на НАТО во ненадејна посета на Украина – Јенс Столтенберг за прв пат од почетокот на војната го посети Киев

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во четвртокот за прв пат го посети Киев од почетокот на руската инвазија во целосен обем за да и даде поддршка на Украина додека украинските сили се подготвуваат да започнат нова контраофанзива.

Јенс Столтенберг им оддаде почит на украинските војници кои загинаа борејќи се во војната и ја прегледа оштетената руска воена опрема изложена на централниот плоштад во Киев, пренесува медиумската агенција Reuters.

По настанот, првиот човек на НАТО влезе во автомобилот и се оддалечи“, вели фотографот на споменатата медиумска агенција.

Руската инвазија, започната на 24. февруари минатата година а досега уби илјадници луѓе, расели повеќе милиони жители, уништи градови и ја опустоши украинската економија. Организацијата на Северноатлантскиот договор ја поддржа Украина, а земјите-членки испраќаат оружје, но не и воени сили во војната.

Украина ја гледа својата иднина во НАТО алијансата и минатиот септември ја објави својата кандидатура за брзо членство, откако Кремљ соопшти дека анкетираните четири украински региони веќе се дел од Русија а се делумно окупирани од нејзините сили.

Официјална Москва го гледа НАТО како непријателска воена алијанса склона да се меша во она што го гледа како нејзина сфера на влијание. Украина доби независност од Советскиот Сојуз предводен од Русија во 1991 година.