ВИДЕО | ПРВИОТ ЧОВЕК НА ПЕНТАГОН ПРИСТИГНА ВО ИЗРАЕЛ – Лојд Остин денес во увид на ситуацијата на бојното поле и американската воена помош
Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, денес пристигна во посета на Тел Авив, каде ќе се сретне со високи претставници на израелската Влада и лично ќе изврши увид во американското оружје и другата воена помош што Вашингтон му ја достави на Израел во првата недела од војната со милитантната група Хамас.
Лојд Остин е вториот висок американски функционер кој го посети Израел во изминатите два дена, откако државниот секретар Ентони Блинкен ја посети земјата во четвртокот.
Лојд Остин се очекува да се сретне со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана, Јоав Галант и израелскиот воен кабинет, објави AP News.
Пристигнувањето на Лојд Остин во Тел Авив погледнете го ОВДЕ.
Американските одбранбени претставници кои го посетија Израел заедно со Лојд Остин изјавија дека тој сака да ја нагласи непоколебливата поддршка на САД на народот на Израел во обезбедувањето воена помош.
Официјални лица изјавија дека денес се очекува втора испорака на американска воена помош за Израел.
Лојд Остин разговараше со Јоав Галант речиси секојдневно и го насочуваше брзиот трансфер на американски бродови, разузнавачка поддршка и други средства во Израел и регионот по нападот на Хамас на југот на земјата.
Ентони Блинкен денеска во Јордан разговара со јорданскиот крал Абдула Втори и со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Ентони Блинкен подоцна денеска ќе отпатува во Доха на состаноци со катарските претставници кои имаат блиски врски со раководството на Хамас и бараат размена на палестински затвореници во Израел за ослободување на десетици Израелци и странци кои Хамас ги држеше како заложници.
Ентони Блинкен потоа ќе застане накратко во Бахреин и ќе го заврши денот со посета на Саудиска Арабија.
Како што е најавено, Ентони Блинкен за време на викендот ќе отпатува и во Обединетите Арапски Емирати и Египет.