Скандал! Лут навивач го удри Нејмар по глава! Поради лошата игра, славниот Бразилец доби жесток удар – веднаш му возврати! (видео)

По ремито помеѓу Бразил и Венецуела (1:1) во рамките на квалификациите за Светското првенство во 2026 година, навивачите на Бразил го изразија своето незадоволство.

Малкумина очекуваа дека Венецуела ќе им пружи толку силен отпор на „кариоките“ и ќе стигне до вреден бод пред 44.000 жестоки навивачи на Бразил.

Домаќините успеаја да поведат преку Габриел во 50. минута, а во 85. минута Бела го израмни резултатот и стави точка на оваа игра.

Навивачите на Бразил беа бесни по натпреварот, а Нејмар го извлече подебелиот крај.

Имено, Нејмар беше удрен во глава од навивач, за среќа, не со тврд предмет.

Бразилецот се налутил и веднаш почнал да се расправа со навивачите, но соиграчите успеале да го смират и да го однесат во соблекувалната.