ВИДЕО | ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦУНАМИ ВО ЈАПОНИЈА – Алармирано е целото население, а објавено е и точно кога ќе удрат големите бранови

Предупредување за цунами е издадено на западниот брег на Тихиот Океан во Јапонија, по големиот земјотрес на Филипините, соопшти јапонската метеоролошка агенција.

Агенцијата додава дека бранови од цунами, со висина од 40 сантиметри, биле забележани на јапонскиот остров Хачијоџима, по разорниот земјотрес од 7,6 степени на Филипините.

Агенцијата претходно предупреди дека брановите може да достигнат и еден метар во висина, додека американската служба за предупредување од цунами претходно објави дека веќе нема опасност од големи бранови.

Јапонската агенција наведува дека бранови од еден метар се очекуваат на јапонскиот брег во недела, околу 01:30 часот по локално време, јавува телевизијата NHK.

Потсетуваме, денес земјотрес го погоди вториот по големина филипински остров Минданао, кој предизвика невидена штета и страшни сцени!

На социјалните мрежи се споделуваат страшни снимки од земјотресот, како и последиците од силниот земјотрес, а една од застрашувачките снимки може да погледнете ОВДЕ.

Како што предупредија од филипинскиот институт за сеизмологија, ситуацијата е сериозна и опасна, при што беа дадени упатства како жителите на овој остров да се подготват за евакуација, но и како да се однесуваат во затворени простори.

Се очекуваат бранови високи над еден метар во деструктивно и опасно по живот цунами. Крајбрежните заедници кои може да бидат погодени мора веднаш да се евакуираат“, се вели во соопштението на Институтот.